„Не е важно што ќе направи Тотенхем!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Асмир Беговиќ бранеше за Челси во поразот од Јунајтед.

Челси играше во Манчестер и беше поразен. Ова беше очајна игра на Челси, кои немаа удар кон голот на Јунајтед.

„Тие тргнаа одлично и поради тоа победија. Ние мора да го заборавиме ова и да гледаме пред нас. Причина за поразот не е тоа што го сопреа Азар и го исклучија од натпреварот. Не бевме добри, но имаме карактер да се вратиме.“

„Имаме четири бодови предност. Да е почеток на сезона, ваквата состојба би ја прифатиле веднаш. Ако ги добиваме нашите натпревари, не е важно што ќе направи Тотенхем.“