Тато вели дека сеуште не е готово! Милан или Арсенал, одлуката паѓа во наредната недела


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сеад Колашинац не потпиша преддоговор со Топџиите.

Еден од најбараните фудбалери во последните месеци Сеад Колашинац сеуште не потпиша за Арсенал, тврди неговиот татко! Во саботата се појави врст дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина го одби Евертон кој со сите бонуси му нуделе годишно 10 милиони евра и се одлучил за Топџиите, меѓутоа најновите информации велат подруго.

Наводно, новиот сопственик се „повампири“ во својата желба да го ангажира дефанзивецот на Шалке, па војната продолжува.

Како што изјави таткото на фудбалерот одлуката дали ќе премине во Арсенал или Милан Сеад Колашинац ќе ја донесе во неделата што е пред нас.

Да потсетиме, универзалецот кој експлоадираше во оваа сезона во Бундеслигата останува без договор во јуни.

Понудата на Шалке од 4.5 милиони евра годишно за продолжување на соработката е премала за да конкурира на понудите на најголемите европски клубови, па така извесно е заминувањето на Колашинац.

Останува сеуште да ни соопшти каде ќе оди.

Арсенал или Милан?