Шок за Зидан пред реваншот против Баерн Минхен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Велшкиот фудбалер Герет Бејл нема да игра во реванш натпреварот за Реал Мадрид против Баерн Минхен во четвртфиналето во ЛШ.

Тој во вторникот се повреди во првиот натпревар помеѓу овие два клуба во кој Реал победи, 2:1. Бејл не беше дел од големиот пресврт бидејќи Зидан го извади од игра во 59-та минута кога велшанецот се пожали на повреда во мускулот.

Бејл го пропушти натпреварот против Спортинг Хихон, а сега нема да го има ниту против Баерн.

На местото на Бејл ќе играат Иско или Асенсио, а најмалку шанса за настап има Лукас Васкез.