Голема победа за Чикаго – Бостон падна на домашен терен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бостон и Чикаго го одиграа првиот натпревар  во плеј-оф серијата. Тие по возбудлива завршница стигнаа до победа од 106:102.

Ниту еден тим во овој натпревар не стигна до 2-цифрена разлика, а повеќе пати се менуваше водството. Првата ¼-на ја освои Бостон, но потоа се врати во игра Чикаго.

Во Бостон најдобар беше Томас кој постигна 33 поени, со 5 скокови и 6 асистенции. Добра игра имаше и Ал Харфорд кој постигна 19 поени, 7 скокови и 8 асистенции.

Во победничкиот тим најдобар беше Батлер со 30 постигнати поени.