Стартот на Фетел е најдобар за возачите на Ферари од 2004!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Две победи и едно второ место на Фетел се најдобриот старт на еден возач на Ферари уште од Шумахер и неговите две победи во првите три трки во 2004 година.

Фетел само еднаш во кариерата ја започна сезоната на ваков начин, во 2011 година кога ја освои втората титула од 4-те титули со Ред Бул.

Генерално гледано, тимот на Ферари има најдобар старт од 2008 година, кога по една победа во трите трки имаа Раиконен и Маса.

Фетел по победата во премиерната сезона во Австралија беше најбрз и во Бахреин, па сега има 68 бодови, односно 7 повеќе од Хамилтон.

Раиконен оваа сезона не стигна до победничкиот подиум, но беше солиден во првите три трки со две 4-ти и едно 5-то место.

Што се однесува до конкурентите на Ферари, Хамилтон со втората позиција го надмина Прост со вкупен број на подиуми во кариерата со 107, а има 48 помалку од рекордот на Шумахер.

Хамилтон по 8-ми пат во низа стигна до подиум, а неговата серија трае уште од трката во Јапонија минатата година. Негов личен рекорд е 16, а на сите времиња е најдобар Шумахер со 19 подиуми во низа.