Анри удри по Арсенал: „Не гледам зошто најдобрите играчи би доаѓале“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тиери Анри ја анализираше ситуацијата во Арсенал која не е добра во овој момент. Зошто најдобрите не сакаат во Арсенал?

Интересна колумна на Тиери Анри, некогашниот напаѓач на Арсенал и по многумина најдобар играч кој некогаш играл за овој клуб во рамките на Премиерлигата.

„Нема врска тоа што Арсенал нема да игра во Лигата на шампионите, во следната сезона. Тоа што нема да игра во ЛШ не го спречи Канте да премине во Челси и Златан да го избере Јунајтед. Канте беше еден од најбараните играчи, а Арсенал го сакаше.

Се испостави дека Канте не погреши во изборот на клубот, можеби ќе освои дупла круна“, истакна Тиери Анри.

Од сезоната 2014/15 Арсенал ги доведе следните играчи:

-Дебуши, Санчез, Оспина, Велбек, Чемберс, Бјелик, Габриел, Чех, Елнени, Џака, Асано, Холдинг, Мустафи, Перез и Брамел.

Испуштија играчи во претходните неколку сезони кои избраа други клубови, како Игуаин, Манолас, Сидибе, Кеита, Коман, Погба, Азар, Канте, Варди и Суарез.

„Ние можеме да се бориме финансиски со другите клубови, можеби не само со Манчестер Јунајтед. Сепак, поради ТВ правата поголем дел од клубовите може да се натпреваруваат за најдобрите играчи, па морате да понудите нешто повеќе и нешто друго.

Мислам дека конкуренцијата за трофеј е клуч пред се. Јас не гледам ништо што големите играчи би ги привлечеме во Арсенал.

Пари има, можат да се понудат добри плати, Лондон е одличен, стадионот е одличен, условите феноменални. Што ќе правиме со шансите за успех?

Наводно, Арсенал има 200 милиони фунти да потроши на лето, но кого ќе доведат?“, се запраша Тиери Анри.