Интер го притиска Симеоне, а планот е јасен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После ремито со Милан, јасно е дека Интер ќе остане без ЛШ а можеби и без ЛЕ.

Богатите кинези веќе размислуваат за наредната сезона, а во прв план е нов тренер.

Оваа сезона е доста лоша, започна Манчини, Де Бур не се докажа а Пиоли не ја истурка сезоната.

Првиот пик е Диего Симеоне, асот од Атлетико Мадрид.

Симеоне има договор до 2018 но не ја отфрла можноста да замине ова лето, во случај да не освои ЛШ која е приоритет.

Диего Симеоне имаше изјавено дека сака еден ден да го тренира Интер, па затоа веќе долго време се поврзува со славниот италијански клуб.