Идеалните 11 на Мончи во Севиља на кои потроши 26.5 милиони – Ги нема Витоло, Баптиста и Гамеиро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересен е изборот на еден од најдобрите спортски директори.

На стадионот „Рамон Санчез“ сеуште не може да го прифатат фактот дека дојде крај на владеењето на Рамон Родригез Вердеа, познат под името Мончи.

Еден од најмоќните спортски директори на денешницата стави точка на мисијата долга 17 години. Замина од местото каде што подигна империја во срцето на Андалузија и Севиља ја стави во редот на најважни фудбалски имиња во Европа.

5 трофеи во купот УЕФА, односно ЛЕ. Суперкуп на Европа, два купови во Шпанија и еден суперкуп на Шпанија. И премин на тимот од понизок ранг до тим од кој се плашат многу европски клубови. Зад овие успеси стои токму името на Мончи.

Дури 151 играч донесе Мончи во текот на своето работење во Севиља. А низ најголемите продажби, Севиља доби над 300 милиони евра.

Дури неколку денови откако го напушти тронот во Севиља, мончи во разговори за медиумите ги откри идеалните 11 кои ги донел во клубот. На списокот ги нема имињата на Витоло, Баптиста и Гамеиро!

На овие 11 играчи вложи 26.5 милиони евра, а потоа клубот од продажба доби 85.1 милион евра. Најмногу заработи Севиља од 2 големи трансфери. Продажбата на Дани Алвеш за 35.5 милиони и Ракитиќ за 18 милиони евра.

А еве како изгледа листата на Мончи:

Андрес Палоп

Шпанскиот голман беше херој во освојувачкиот поход на купот на УЕФА во 2007 година затоа што постигна гол во продолжението, а на клубот му донесе пласман во ¼-финале. Потоа одбрани дури 3 пенали против Еспањол во финалниот натпревар.

Дани Алвеш

Бразилецот се смета за еден од најдобрите десни бекови во овој век. Дани Алвеш е една од најубавите трансфер приказни на Мончи. Стигна во Севиља на позајмица и подоцна премина за 550.000 евра, а 6 години подоцна замина за неверојатни 35.5 милиони евра.

Хави Наваро

Познатиот капитен на Севиља и голем водач, кој подигна дури 5 големи трофеи. Човек кој последната капка пот на теренот ја имаше во дресот на саканиот тим, од кој во 2009 година среќен замина во пензија.

Жулијен Ескуде

Откако освои 6 трофеи со Севиља, Французинот беше толку многу поврзан со клубот што плачеше кога заминуваше. Одржа една од најемотивните конференции за медиумите и ќе остане запаметен по неговите пожртвувани игри на теренот.

Адријано

Уште еден успешен трансфер. Бразилецот беше постојано еден од најдобрите играчи на Севиља, а го освои УЕФА купот во 2007 година, па потоа кариерата ја продолжи во Барселона за 10 милиони евра.

Ренато

Головите против Барселона во походот кон европскиот Суперкуп, потоа и против Реал Мадрид во шпанскиот Суперкуп го одбележаа престојот на Ренато во Севиља, со која освои 6 трофеи.

Иван Ракитиќ

Како капитен на Севиља тој ја имаше најдобрата сезона во кариерата, 2013/14. Ракитиќ беше избран за играч на натпреварот во финалната победа против Бенфика во ЛЕ во 2014-та година, а потоа замина во Барселона за 18 милиони евра.

Кристијан Поулсен

Како и многумина кои ги донесе Мончи, играчот за врска стигна како слободен играч, а клубот му подари 4 трофеи. А кога заминување, Севиља доби 10 милиони евра.

Евер Банега

Питбулот на Севиља и човек кој  Мончи најмногу го жали. Не од причина што не се задржа во клубот, туку што на него не заработи ништо, затоа што тој имаше желба да проба нови предизвици и не го продолжи договорот со Севиља. По 2 титули во ЛЕ замина во Интер.

Луис Фабијано

Бразилецот е 5-ти најдобар стрелец во историјата на Севиља и човек на кој Мончи потроши 10 милиони евра. Освои 6 титули со Севиља и беше еден од најважните играчи. Одби неколку страшни понуди од најбогатите клубови, само поради љубовта кон Севиља.

Фредерик Кануте

По солидните игри во Тотенхем и Вест Хем, тој преживеа ренесанса во Севиља. Со 136 голови во 290 натпревари стана најдобриот стрелец на клубот во 21-ви век, а многу критичари сметаат дека токму тој е најголемо засилување кое Мончи го донел во клубот.

Идеалните 11 на Мончи:

Палоп – дојде бесплатно – замина бесплатно
Алвеш – 550.000 евра – 35.5 милиони евра
Наваро – бесплатно – пензија
Ескуде – 1.9 милиони – бесплатно
Адријано – 2.1 милион – 9.5 милиони
Поулсен – бесплатно – 10 милиони
Ракитиќ – 2.5 милиони – 18 милиони
Реанто – бесплатно – 4.5 милиони
Банега – 2.5 милиони – бесплатно
Фабијано – 10 милиони – 7.6 милиони
Кануте – 6.5 милиони – бесплатно