Арсенал се врати во трка за топ 4, за Мидлсброу нема спас!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот од 33-то коло во ПЛ помеѓу тимовите на Миделсброу и Арсенал.

Првото возбудување во натпреварот го имаше во 23-та минута кога Мартен Де Рон постигна гол, но голот не беше признаен поради тоа што Де Рон беше во офсајд.

Во 42-та минута конечно Арсенал преку Санчез успеа да стигне до водство. Санчез ос слободен удар блиску до казнениот простор испрати удар до левата статива и погоди за 1:0.

Тоа беше се во првиот дел од натпреварот.

Возбудувањата продолжија во 50-та минута кога Даунинг испрати одличен центар-шут, а Негредо ја прими топката, си направи малку простор и постигна гол за израмнување на 1:1.

Само 6 минути подоцна Ајала имаше одлична шанса со глава, но Чех успеа да одбрани.

Во 71-та минута Арсенал повторно ги израдува своите навивачи, а овој пат преку Озил кој по центар-шутот на Ремзи, успеа да постигне гол за 2:1.

Во 87-та минута Мидлсброу имаше шанса преку Клејтон, но тој ја испрати топката во Чех кој го одбрани тој удар.

Во 92-та минута Чембрлејн имаше одлична шанса, но за разлика од пробивот, ударот не беше добар и голманот имаше лесна интервенција.

Само 2 минути подоцна Чембрлејн имаше повторно добра шанса, но неговиот удар заврши само неколку сантиментри до десната статива.