Рим сега нема да може да спие – Синот на Тоти најдобар стрелец на јуниорски турнир


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Титулата ја освои Милан.

Рано, многу е рано. Посебно затоа што малиот Кристијан ќе биде под притисок во јавноста. Ретки се децата за кои се пишува на 11-годишна возраст.

Но, на секој не му е татко Франческо Тоти.

Принцот на Рим по навика е главна тема во вечниот град. Овој пат на ред е малиот Кристијан кој беше најдобар стрелец на силен турнир до 11 години.

Рома застана во четвртфиналето, а турнирот го освои Милан кој во финалето го победи Интер, но Тоти јуниор со 8 погодоци беше најефикасен фудбалер. Гордиот татко со мајката Блази се гледаше од трибините.