Рекордна ноќ за Леонард!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Леонард на натпреварот против Мемфис, во кој Сан Антонио успеа да победи со 96:82, постави рекорд во кариерата по бројот на постигнати поени, кога станува збор за плеј-оф.

Одличниот Леонард, за кој многумина сметаат дека е еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата, покажа дека е одличен и во нападот.

Во вториот натпревар против Мемфис постигна 37 поени, 11 скокови и 2 асистенции.

Со ова, тој стсана првиот играч по Тим Данкан во 2009 година, кој во еден плеј-оф натпревар постигнал 35 или повеќе поени.