„Го избрав своето семејство пред Бенитез!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чаби Алонсо најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе ја заврши кариерата. Алонсо сега го сметаат за еден од најдобрите играчи за врска во својата генерација, иако на 22 години потпиша за Ливерпул и беше непознат за многумина.

Шпанскиот играч секогаш кажуваше дека неговиот престој во Ливерпул му помогнал да порасне во играч каков што е денес.

Во тоа време тој беше одлично дуо на средината со Џерард, но по 5 години во Ливерпул, тој замина од Англија.

Тој го напушти Ливерпул по караницата со Бенитез.

„Беше ¼-финале во ЛШ против Интер. Мојата сопруга требаше да се породи и јас му реков на Рафа дека не можам да одам на натпреварот. Ќе играм кога ќе видам дека се поминало како што треба.“

„Можев подоцна да фатам лет и да се најдам со остатокот на тимот. Тој не го прифати тоа. Морав да направам одлука, а таа беше да останам со семејството. Не беше лесно, мојата работа не е обична, но никогаш не зажалив.“

„Да не постапев така, ќе го пропуштев раѓањето на своето дете. Патем, победивме со 0:1 со голот на Торес.“