„Нани е единствен играч на кој Фергусон не го подигна тонот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сер Алекс Фергусон е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот првенствено поради резултатите кои ги оствари на клупата на Манчестер Јунајтед.

Шкотскиот стручнак пред неколку години се одлучи дека е време за пензија што ги разочара сите љубители на фудбалот.

Манчестер Јунајтед не оствари ни приближни резултати после што Фергусон замина и тоа доволно покажува колку добар тренер беше тој.

Познато е дека Фергусон во својата долга кариера откри многу фудбалери кои направија голема кариера.

Некои од нив не ги исполнија очекувањата кои ги имаше Фергусон, но не постои тренер, скаут или челник на некој клуб кој не направил грешка во селектирањето на играчите.

Англичаните сметаат дека е грешка на Фергусон  Нани кој никогаш не го оствари тоа што Шкотот го очекуваше од него.

Капитенот на Црвените ѓаволи, Вејн Руни, откри дека Нани беше единствен играч на кој Фергусон никогаш не се спротивстави или го зголеми гласот на него.

Токму поради тоа Руни смета дека Португалецот никогаш не покажа се што може.

„На мене често знаеше да вика во соблекувалната, но човек сфаќа дека тоа е само за твое добро. Бидејќи заземаш став дека баш сега ќе покажеш на сите колку можеш. Со Нани тоа никогаш не беше случај бидејќи тој беше премногу самоуверен. Фергусон знаеше дека нема постигне ништо ако го критикува. Сигурен сум дека Нани е единствен играч на кој тој никогаш не го зголеми тонот. Можеби и требаше“, рече Руни.