ПСЖ доведува две засилувања од Арсенал?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сопствениците на ПСЖ најавија пред неколку недели на крајот на оваа сезона ќе има неколку промени во играчкиот кадар.

ПСЖ во ова лето ќе се заблагодари на соработката на играчите кои ќе имаат дозвола да побараат нова средина, а намерата на сопственикот на францускиот клуб е да доведат неколку звучни засилувања.

Во последно време доста се шпекулира за тоа кој се наоѓа на мета на ПСЖ, а во јавноста прочурија две нови имиња.

Според пишувањата на англиските медиуми ПСЖ на крајот на оваа сезона во своите редови ќе проба да  доведе двоец од Арсенал.

Познато е дека од порано на мета на клубот од Париз е Алексис Санчез, но тој повеќе не е единствен.

Наводно, ПСЖ покрја него ќе проба да го доведе и Месут Озил.

Како што пишуваат медиумите на Островот францускиот клуб за овој двоец на Топџиите е спремен да издвои околу 90 милиони евра.