„Баерн е многу опасен!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Касемиро смета дека сеуште не е готово кога станува збор борбата за ½-финале на ЛШ.

Реал Мадрид победи во Минхен со 2:1 со головите на Роналдо, но Касемиро е свесен дека ништо не е готово.

„Не можеме да го смениме нашиот менталитет. Прашањето за победникот сеуште не е решено. Баерн има квалитетни играчи, а на нас ни треба поддршка од навивачите и тоа ни е многу важно. Ќе биде многу тешко, се знае дека Баерн знае да биде опасен.“

„Тренерот е одличен. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но мора да останеме фокусирани на нашата игра. Сакаме да играме на победа, нема да се браниме.“

За крај Касемиро зборуваше за Алонсо, играчот на Баерн.

„Тој е играч со голем квалитет и кој заповеда во средината на теренот. Многу научив од него. Му  посакувам среќа, но не сакам да победи против нас.“