„Вечерва ќе одлучуваат ситни детали“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лестер и Атлетико Мадрид го играат реваншот од 1/4 финалето во ЛШ

Атлетико во првиот дуел на домашен терен славеше со 1:0, а тренерот Диего Симеоне вели дека вечерва ќе одлучуваат ситни детали за тој кој оди понатаму.

„Лестер е во сјајна форма. Имаме слични карактери и нема многу разлики во нашиот и нивниот фудбал. Очекувам изедначен натпревар. Во првиот натпревар беше многу тешко, а така очекувам да биде и вечерва. Мечот ќе го решат ситни детали“ – вели Симеоне.

Да потсетиме дека Атлетико вечерва го бара своето трето полуфинале во последните 4 сезони, а Лестер игра за да испише една нова страница во клупската историја.