„Мали се шансите да поминеме понатаму!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот директор на Борусија, Вацке процени дека тимот од Дортмунд има мали шанси да поминат понатаму.

Во првиот натпревар тие беа поразени на домашен терен од Монако со 3:2.

„Екипата беше посебна минатата недела. Не сонувавме. Знаеме дека се мали шансите да поминеме понатаму, но постојат.“

Тухел во наредниот натпревар ќе може да смета на сите играчи, освен на Геце, Роде, Шурле и Бартра.

Да потсетиме, овој натпревар се игра утре од 20:45.