Мец за малку ќе му направеше услуга на Монако, Матуиди му донесе победа на ПСЖ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Мец и ПСЖ во кој победи ПСЖ со 3:2.

До првиот гол се чекаше 33-та минута кога Максвел му асистираше на Кавани за 1:0, а само 3 минути подоцна Максвел повторно асистираше, но овој пат на Матуиди за 2:0.

При крајот на вториот дел од натпреварот, Жофри постигна гол по само 2 минути откако влезе во игра и намали на 2:1.

Во 88-та минута Диабате го сруши ПСЖ и израмни на 2:2 и беа блиску до освојување на бод, но Матуиди во продолжението на натпреварот, поточно во 92-та минута погоди за 3:2 и многу важни 3 бодови за ПСЖ.