Саул им ги уништи соништата на навивачите, заврши бајката на Лестер во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра реваншот во ¼-финалето во ЛШ помеѓу Лестер и Атлетико Мадрид.

Првата шанса на натпреварот ја имаше Оказаки кога успеа да испрати удар кон голот, но топката заврши над голот.

Само 4 минути подоцна Луис покажа одлична техника и испрати одличен центаршут кој го искористи Саул Нигез и погоди со глава за 0:1.

До крајот на полувремето немаше посериозни шанси и на полувремето замина Атлетико со водство.

Во вториот дел Лестер се обиде да се врати во натпреварот, а тоа го стори во 61-та минута кога Варди испрати одличен удар по одбиената топка и погоди за 1:1.

Само 5 минути подоцна Улоа имаше шанса, но ударот му беше изблокиран.

Во 68-та минута Варди имаше повторно одлична шанса, но повторно ударот на тимот на Лестер беше изблокиран.

Во 76-та минута Марез изведе слободен удар, но топката помина само неколку сантиметри над пречката. Ова беше одлична шанса за Лестер, но за жал не ја искористија.

До крајот на натпреварот, Лестер имаше уште неколку шанси, но не успеа да искористи ниту една од нив и тоа беше крајот на бајката за Лестер во ЛШ.