Ученикот повторно беше подобар од учителот, Роналдо со хет-трик ги уништи Германците во продолженијата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оваа вечер се одигра реванш натпреварот во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Првата шанса во натпреварот ја имаше Алкантара кој испрати удар од казнениот простор, но неговиот удар беше изблокиран.

Само секунди подоцна Робен имаше одлична шанса, но неговиот удар заврши блиску до десната статива.

Во 26-та минута Карвахал испрати удар кон голот во долниот лев агол, но Ноер беше одличен и го одбрани ударот.

Тоа беше се во првиот дел од натпреварот и тимовите заминаа на полувреме со 0:0.

Во продолжението на вториот дел, поточно во 51-та минута Робен имаше одличен удар, но повторно беше изблокиран неговиот удар.

Веднаш потоа Касемиро направи прекршок и Касаи досуди пенал за Баерн Минхен, кој го искористи Левандовски со удар по средината на голот и го донесе Баерн во водство од 1:0.

Во 76-та минута Касемиро испрати долга топка, која ја следеше Роналдо кој испрати удар со глава и погоди за 1:1.

Само 2 минути се случи катастрофа за Рамос кој го совлада својот голман и го донесе Баерн во водство од 2:1.

Во 84-та минута прекршок направи Видал и тоа беше негов втор жолт картон на натпреварот и тој мораше да го напушти порано антпреварот.

Тоа беше се до крајот на регуларниот дел и натпреварот продолжи да се игра на дополнителни 30 минути.

Во првите 15 минути првата шанса ја имаше Асенсио кој испрати добар удар кон голот на Баерн, но Ноер беше на висина на задачата.

На крај на првите 15 минути од продолженијата, Роналдо постигна гол за 2:2.

Во вторите 15 минути од продолженијата, прво Роналдо успеа да постигне хет-трик во 110-та минута, а само 2 минути подоцна Асенсио го зголеми резултатот на 4:2.

До крајот на натпреварот немаше што повеќе да се направи, затоа што се беше јасно и Реал Мадрид се пласираше понатаму.