Пике го „боцна“ Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го угости Баерн Минхен во вториот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Мадриѓаните после првиот натпревар во кој во Минхен славеа со 2:1, а и во реваншот остварија победа но после продолженија.

Сепак, гостите од Германија во регуларниот дел од натпреварот на Бернабе беа подобри, исто така, со резултат 2:1, па натпреварот се одлучуваше во продолженија.

Во првото продолжение Роналдо, од очигледна офсајд позиција, постигна гол за 2:2, а после црвениот картон на Видал во 78 минута, после уште една дискутабилна судиска одлука, баварскиот тим играше со играч помалку, даде претчуство дека Баерн тешко ќе помине во полуфиналето.

Реал после ова постигна уште два гола, па дуелот, после продолженија, е завршен со резултат 4:2.

Клучниот момент секако беше погодокот на Роналдо од 105 минута, со кој Реал стигна до израмнување.

Португалецот одлично реагираше и ја испрати топката позади Ноер, но во моментот на прием очигледно беше во офсајд.

Стоперот на Барселона, Жерар Пике не му требаше долго за на Твитер, за меѓу редовите, да ги „боцне“ Роналдо и Реал Мадрид.

Овој во својот пост напиша само “…“ а што со тоа сакаше да порача, секој може да пресуди на свој начин.