Кашаи веќе стана предмет на исмејување на интернет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Унгарскиот судија Виктор Кашаи се наоѓа во центарот на спортската јавност после вечерашниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Пласман во полуфиналето избори кралскиот клуб кој после продолженија победи со 4:2.

Меѓутоа, натпреварот на Сантијаго Бернабе беше одбележан со неверојатни грешки на главниот судија Кашаи кој, според мислења на многумина, го одлучи овој дуел.

Кашаи веќе стана предмет на исмејување на друштвените мрежи каде што кружат интересни фотографии.

Некој веќе се потруди да ја измени неговата вики страница, па сега пишува дека Кашаи е судија кој „игра“ за Реал Мадрид.