Иско врати на критиките: Пенал за Баерн не постоеше


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид, Иско, врати на критиките кои стигнуваат на сметка на победата на неговата екипа над Баерн.

Контроверзниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите го одбележа неколку лоши судиски одлуки на Виктор Кашаи на штета на Баерн.

Но и Иско имаше што да каже после силните критики упатени на сметка на судењето, но и неговата екипа.

Тој инсистира на тоа дека фаулот на Касемиро над Робен после кој е досуден пенал за Баварците не постоеше.

„Многу се мечевме, но на крајот го добивме тоа што го сакавме“, рече играчот за врска на Реал.

„Важно е дека поминавме понатака, а јас сум среќен што играв од почеток. Имавме многу добри шанси, не ги искористивме, но екипата не се распадна“. “Контроверзии? Тоа е фудбал, и во Минхен им досудија непостоечки пенал“, продолжи Иско.

„Судиските одлуки? Не знам дали беа погрешни или исправни. Не можев добро да видам“, рече на крајот овој фудбалер.