„Судиските грешки го одлучија натпреварот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите после вечерашната победа против Баерн (4:2).

Реал до полуфиналето стигна дури после продолженија бидејќи  во регуларниот дел од мечот Баерн водеше со 2:1.

Сепак, со играч помалку Баварците не успееја да пружат отпор на кралскиот клуб кој го сврти резултатот на 4:2 и се пласираше во наредниот круг.

Меѓутоа, натпреварот на Сантијаго Бернабе го одбележаа кардиналните грешки на главниот судија Кашаи коју може да се каже дека го одлучи патникот во полуфиналето.

После мечот тренерот на Баерн, Карло Анчелоти, изјави дека овие грешки помогнаа на Реал да стигне до полуфиналето.

„Во натпреварот беа голем број на сериозни грешки на главниот судија што на крајот го одлучија овој натпревар.

Се надевам дека во иднина ќе биде воведена видео технологија која ќе помога на судијата со цел да се спречат вакви грешки“, рече Анчелоти.