Роналдо порача до навивачите: Немојте да ми свирите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо по кој знае кој пат беше херој на Реал Мадрид, и кралскиот клуб вечерва го одведе во полуфиналето на ЛШ.

Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе после продолженија го совлада Баерн со 4:2, а сите заслуги одат на Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик.

Португалецот така стана прв играч во историјата на ова натпреварување кој дојде до бројката од 100 голови во Лигата на шампионите.

После натпреварот Роналдо изјави дека Баерн вечерва на Сантијаго Бернабе покажа дека е одличен тим, и дека е задоволен и од играта која ја пружи Реаал Мадрид.

Исто така, Роналдо имаше на крајот и порака за навивачите на Кралскиот клуб.

„Баерн покажа дека е одличен тим, но и ние игравме многу добро.

Создадовме многу шанси и постигнавме четири гола. Многу сме среќни што поминавме во полуфиналето бидејќи не е лесно да постигнеш на Баерн шест голови во два натпревари.

Што се однесува до навивачите сакам да им кажам да не ми свират бидејќи секогаш давам се од себе и помагам на екипата. Но, сакам да мислам само за позитивни работи“, рече Роналдо.