„Ова беше вистински спектакл“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После контроверзното испаѓање на Баерн Минхен во четвртфиналето на ЛШ, после поразот од Реал беше одбележано од катастрофалните судиски одлуки, со сите страни стигнаа критики на сметка на судијата, но и на мадридскиот клуб.

Извршниот директор на Баерн, легендарниот Карл – Хајнц Румениге, се одлучи малку да ја смири ситуацијата, а во прв план го истакна залагањето и играта на фудбалерите на баварскиот клуб, а не судиските грешки.

„Ова беше вистински спектакл. Големи комплименти за двете екипи. Нашата екипа даде се од себе. Морате да знаете дека некои од нашите играчи играа со повреди. Ја симнувам капата за за партијата на Боатенг, Левандовски или Ноер“.

“Се играше фантастичен фудбал, за несреќа судиските грешки беа против нас. Црвениот картон бе ше тежок удар, нормално. Но ако ја обвинуваме екипата поради елиминацијата, тогаш сте гледале погрешен натпревар. Одличен меч“, изјави легендарниот Румениге после натпреварот.