Анчелоти порача на Кашаи: Добра работа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн синоќа на Сантијаго Бернабе е поразен од Реал Мадрид со резултат 4:2 после продолженија, и со овој пораз се прости од овосезонското издание на Лигата на шампионите.

Во второто полувреме главниот судија, Виктор Кашаи, прво покажа дискутабилен црвен картон на Видал, додека голот на Роналдо за израмнување беше постигнат од очигледен офсајд, а уште еден гол на Португалецот е постигнат, во најмала рака, сомнителна ситуација.

Со ваквите одлуки во добра мера на Реал го олесна патот до победата.

Тренерот на Баерн, Карло Анчелоти, после натпреварот откри по завршувањето на натпреварот саркастично порачал на Кашаи дека одработил „добра работа“.

„Во четвртфиналето на ЛШ мораме да користиме квалитетни судии“, изјави италијанскиот стручнак.

„Денеска судијата немаше добар ден, а некои негови одлуки многу ни наштетија. Видовме црвен картон и два гола од офсајд“.

„Разговарав со судијата после натпреварот. Му реков „Добра работа“, рече за крај Анчелоти.