„Не е фер кон Ботас!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Мерцедес, Тото Волф изјави дека тимот не сака да фаворизира еден возач во однос на другиот, но ситуацијата мора да се анализира како поминуваат неделите.

Волф смета дека не е фер да се постави Хамилтон за „прв“ возач, затоа што Ботас само што дошол во тимот.

„Ние тоа не го сакаме. Тоа не е тоа што го правевме во последните години.“

„Ситуацијата е сега поинаква и мора да се направи анализа. Тоа беше тешка одлука и не сакам да разговарам за тоа, затоа што не е фер кон Ботас.“

„Сакаме и на двајцата да им понудиме исти шанси на стартот и тоа како тим им го должиме. Два пати донесовме одлука за пропуштање затоа што мислевме дека е тоа потребно за победа.“