Нова победа на Чикаго против Бостон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чикаго дојдоа до лесна победа против Бостон со 111:97 и така сега водат со 2:0 во плеј-оф серијата.

По вчерашното гостување во Бостон, Чикаго стана прв тим кој како 8-мо пласиран тим води со 2:0 во серијата против 1-во пласираниот тим во една конференција.

Бостон не го отвори лошо натпреварот и имаше на почетокот предност од 7 поени, но потоа се сменија драстично работите.

Најдобар во тимот беше Томас кој постигна 20 поени, 4 скокови и 2 асистенции. Кај Чикаго најдобри беа Батлер и Вејд со по 22 поени.