„Сантијаго Бернабеу“ за последен пат го поздрави Чаби Алонсо!(ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид се пласираше во ½-финале во ЛШ по победата против Баерн.

Натпреварот помина во знак на контроверзните одлуки на судијата и незадоволството на гостите, но на крајот сепак беа видени убави сцени.

Ова беше последен натпревар за Чаби Алонсо, со оглед на тоа дека тој претходно најави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.

Алонсо со Баерн го одигра последниот натпревар во ЛШ против тимот во кој помина 5 години. Тој за тоа време во Мадрид освои 2 титули во Примера и два купови ви Шпанија.

Тој беше член на Реал и кога тимот во 2014 година ја освои ЛШ, но го пропушти финалето затоа што беше суспендиран поради 3 жолти картони.