„Имаме план и знаеме што не чека“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Атлетико Мадрид, Симеоне смета дека неговиот тим го потврдил квалитетот и заслужено изборил пласман во ½-финале на ЛШ.

Тие обезбедија пласман помеѓу 4-те најдобри тимови, откако го поразија Лестер.

„Емотивен сум, горд и ентузијастичен по пласманот во 3-то ½-финале за 4 години. Тоа го направивме против тим кој е цврст, кој не се откажа.“

„Кога ќе се вратам на самиот почеток, мојот единствен сон беше да создадам конкурентен Атлетико, кој ќе ги фрустрира другите тимови на сите фронтови. Мислам дека тој сон го остварив.“

Симеоне изјави дека мисли дека целиот тим сега е посветен на домашното првенство.

„Имаме само еден пат, а тоа е да не се откажеме од нашите цели.“