Монте Карло – Вавринка се мачеше, но помина во 1/8-финале!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Третиот тенисер во светот, Вавринка се пласираше во 1/8-финале, откако го победи Весели.

Вавринка победи со 2:1 во сетови, односно 6:2, 4:6 и 6:2 и така стигна до 2-ра победа против тенисерот од Чешка.

Негов нареден ривал ќе биде Куевас кој го победи Соуза со 2:0 во сетови.

Швајцарецот минатата година стигна до ¼-финале, каде што беше поразен од Надал.

Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.273.775 евра.