„Задоволен сум како напредуваме!“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Кими Раиконен се надева на подобри резултати во продолжението од сезоната.

Во првите 3 трки во Ф1, тој освои 34 бодови и во моментов е на 4-то место во генералниот пласман.

Фетел води на првото место со 34 бодови повеќе од него.

„Да бидам искрен, ни треба повеќе време да се навикнеме на возилото, отколку што очекувавме. Кога работите не одат како што треба, мора да работите.“

Тој оваа сезона не се качи на победничкиот подиум, а освои две 4-ти места и едно 5-то место.

„Задоволен сум со болидот до сега. Се чувствував добро на последната трка, иако направив хаос во првиот круг. Сега проблем се само мали работи. Кога ќе ја погледнеме целосната слика, тогаш навистина возиме добро.“