Јувентус не е како ПСЖ, триото МСН немоќно против „Бјанконерите“!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одигра реванш натпреварот помеѓу Барселона и Јувентус на „Камп Ноу“.

Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше Меси кој испрати удар со глава, но топката заврши десно од голот.

Во продолжение на натпреварот интензитетот беше на високо ниво, но немаше посериозни шанси.

Во 44-та минута Нејмар го доби првиот жолт картон, поради кој ќе го пропушти следниот натпревар во ЛШ.

Во вториот дел од натпреварот Квадрадо ја имаше првата посериозна шанса, но топката отиде покрај левата статива.

Во 64-та минута Кедира доби жолт картон поради старт и ќе го пропушти наредниот натпревар во ЛШ.

Во 66-та минута имаше големо возбудување, а Меси промаши голема шанса и ја испрати топката над голот.

Само 3 минути подоцна Роберто испрати уште еден одличен удар, но и тој беше непрецизен и заврши покрај левата статива.

во продолжението на натпреварот Барселона се обидуваше на секој начин да стигне до гол, но едноставно не успеа да го направи тоа.