Пике се јави, овој пат со изјава: Јуве заслужи полуфинале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона вечерва на Ноу Камп не успеа да направи ново чудо и да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Натпреварот меѓу Барса и Јувентус заврши без голови, а поради победата во првиот натпревар Јувентус заслужено помина понатака.

После натпреварот одбранбениот играч на каталонската екипа Жерар Пике изјави дека Старата дама заслужено оди понатака.

„Беше многу тешко за повторно да се направи иако имавме добри шанси. Не ги искористивме и морам да признам дека Јуве е заслужено во полуфиналето.

Одигравме одлично во одбраната и ваквиот стил на игра многу ни  одговара. Кога двата натпревари ќе ги земеме во предвид заслужија да одат понатака и треба да им честитаме“, рече Пике.

На крајот на натпреварот одлична слика на Ноу Камп направија домашните навивачи кои со песна пружија поддршка на својата екипа.

Пике не заборави да се наврати и на тој детал.

„Тоа што направија навивачите е страшно. Кога ќе видиме ваков Ноу Камп после пораз можам да кажам дека сум горд“, додаде играчот на Барса.