Доминација на играчите на Челси и Тотенхем во тимот на сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Здружението на професионални фудбалери на Англија ги одбра 11-те најдобри во сезоната која завршува.

Иако до крајот има уште повеќе од еден месец, полека почнуваат изборите за најдобрите.

Очекувано, во тимот на сезоната доминираат играчи на Челси и Тотенхем.

Дури 8 фудбалери од тимовите од Лондон се во идеалниот тим, а свои претставници имаат Јунајтед, Ливерпул и Евертон.

Најдобар голман е Де Геа, во одбраната се Роуз, Вокер, Кејхил и Луиз.

Во редот за врска се Али, Канте додека на крилните позиции се Мане и Азар.

Во нападот најдобри се Кејн и Лукаку.