„За нас најдобро е да ги извлечеме Монако или Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Буфон сака Јувентус во ½-финале да игра против Монако или Реал Мадрид.

Искусниот голман на Јувентус по елиминацијата на Барселона, размислува за наредниот противник.

„Можеби за нас е подобро да го извлечеме Монако или Реал Мадрид. Тие сеуште се борат за титула, а како поминува сезоната, најверојатно би можеле уште работи да менуваме.“

„На крајот се пласиравме помеѓу 4-те најдобри во светот. Знаев дека имаме одлични шанси во вториот натпревар, но не помислив дека Барселона нема да постигне гол.“

Буфон ќе има шанса да ја освои ЛШ за која сонува цела кариера.