Баерн бара резерва за Ноер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен е во потрага по голман поради тоа што не се задоволни како Свен Улрајх брани кога имаше прилика да го заменува Ноер.

Дефинитивно ќе има моменти кога Анчелоти наредната сезона ќе сака да го одмори Ноер, па за да биде задоволен треба да купи нов.

Изгледа дека тоа ќе биде голманот на Ајакс, Андреа Онана.

Тие веќе го контактираа бидејќи сакаат што побрзо да го купат пред да го однесе некој друг клуб, бидејќи има заинтересирани.

Онана има само 21 година, млад и доста ефикасен и добар голман, па со тоа доколку се покаже во иднина би можел да дојде и на местото на Мануел Ноер.