„Можеме да победиме против Реал и без Нејмар“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар е суспендиран па каталонскиот клуб нема да може да смета на него во големото Ел Класико.

Сепак Ракитиќ вели дека и без Нејмар, Барселона може да го победи Реал Мадрид.

„Нема потреба да се повторува колку нам ни е тоа важен натпревар. Тоа што Нејмар е суспендиран не е добро за нас, но што е тука е. Знаеме во каква ситуација сме и мораме да притиснеме“ – вели Ракитиќ

„Веќе и порано покажавме дека можеме да играме и без Нејмар. Би било полесно со него секако бидејќи е меѓу најдобрите во светот, меѓутоа имаме самодоверба. Сакаме на Нејмар да му покажеме дека можеме и без него“ – додаде Ракитиќ