Сопственикот на Бруклин Нетс на трибините во Москва!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на НБА тимот Бруклин Нетс денеска беше во Моска и го гледаше натпреварот помеѓу ЦСКА Москва и Басконија.

Шон Маркс, кој го води Бруклин неодамна на една прес-конференција зборуваше за квалитетите на српскиот кошаркар Милош Теодосиќ, па за љубителите на кошарката ова е голема идеја за шпекулации во врска со трансфер на Теодосиќ во најелитната кошаркарска лига во светот, НБА.

Шон Маркс најави дека ќе допатува во Европа за да зборува со газдата на ЦСКА во врска со засилувања, а воедно ова е и знак дека Милош Теодосиќ се следи.

Милош со ЦСКА договор има до крајот на тековната сезона, а доколку одлучи да патува за Америка, тогаш Бруклин ќе стои во прв ред на заинтересирани.