„Ќе останам овде и наредната сезона“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Вотфорд, Валтер Мацари изјави дека тој е сигурен дека и наредната сезона ќе остане овде.

„Што се однесува до мене, сигурен сум дека ќе останам овде и наредната сезона. Имам договор уште 3 години и нешто мора да се случи за да заминам“ – вели Мацари

Вотфорд е моментално 10ти на табелата со 40 бодови.

„Немавме среќа со повредите но и покрај тоа 10ти сме. Треба да се гледа како прогнозираа на нас, а како ние завршивме, и ова се смета за успех“ – додаде Мацари

Вотфорд во следното коло игра со екипата на Хал кој е само 2 бода до зоната за излегување од ПЛ.