Рашфорд во продолжението донесе полуфинале на Јунајтед (ВИДЕО)


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Се одиграа реванш натпреварите во ЛЕ.

Манчестер Јунајтед после продолжение го победи Андерлехт на Олд Трафорд, 2:1.

Дендокер на почетокот на натпреварот шутираше непрецизно од далечина. Во 10-та минута Хенрик Миктаријан донесе водство на Јунајтед.

Рубен во период од неколку минути ги одбрани ударите на Погба и Лингард. Ромер со одлична интервенција спречи топката да влези во голот после ударот на Франк. Тиелеманс ја погоди пречката, топката се врати во теренот, а Хани го израмни резултатот.

Рашфорд во второто полувреме шутираше непрецизно. Ударот на Ибрахимовиќ го одбрани Рубен. Ибрахимовиќ и Рашфорд до крајот на натпреварот пропуштија шанси за погодок, па следуваа продолженија.

Јунајтед напаѓаше од почетокот на првото продолжение, но фудбалерите на Андерлехт одолеваше. Тиелеманс шутираше од далелку, а Ромеро го одбрани неговиот удар. На почетокот на второто продолжение Маркус Рашфорд погоди за 2:1. Погба имаше шанса за зголемување на водството, но Рубен го одбрани неговиот удар.

Ромеро го одбрани ударот на Франк кој имаше шанса за израмнување на резултатот. До крајот на натпреварот резултатот остана 2:1, а Јунајтед се пласираше во полуфинале.

 

Бешикташ на домашен терен го победи Лион, 2:1, а после изведувањето на пеналите подобар беше францускиот клуб со 6:7, Генк и Селта Виго ремизираа, 1:1, Шалке го совлада Ајакс, 3:2 после продолежение.

Полуфиналисти се Селта Виго, Манчестер Јунајтед, Ајакс и Лион.