„Разочаран сум, можев многу подобро!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Станислав Вавринка во 1/8-финале во Монте Карло беше поразен од Пабло Куевас.

3-от тенисер во светот во 2 сетови со 6:4 и 6:4 беше поразен од Куевас.

„Пабло е добар играч, тешко е да се игра против него, особено на земја. Од февруари игра на земја и подготвен е. Што се однесува до мене, не беше ова мој најдобар натпревар. Нозете ми беше тешки, не се движев добро.“

„Дефинитивно сум разочаран, затоа што сакав да одиграм подобро и да постигнам подобар резултат. Но се е до недостаток на тренинг на земја. Од друга страна, морам да продолжам да работам и да бидам подготвен за Мадрид.“

Во досегашниот дел од сезоната Вавринка одигра 21 натпревари, а моментално има 15 победи и 6 порази.