Монте Карло – Зверев беше лесен залак за Надал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал продолжи кон одбрана на трофејот во Монте Карло.

По триумфот против Едмунд, 7-от тенисер во светот многу лесно излезе на крај против Александар Зверев, кој го победи со 6:1 и 6:1.

Рафаел 5 пати му го одзема сервисот на противникот, а од друга страна Зверев немаше ниту една брејк шанса.

Надал во наредното коло ќе игра против Шварцман.

Турнирот во Монте Карло се игра за награден фонд од 4.273.775 евра.