Позната е судбината на Габигол за наредната сезона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Интер кој не доби многу шанса за игра оваа сезона најверојатно ќе биде пратен на позајмица.

Агентот на Габриел Барбоса, Вагнер Рибеиро изјави за бразилските медиуми дека неговиот клиент ќе го промени тимот.

Габигол често се нервираше поради тоа што не играше во првиот тим на Интер.

Ги чинеше 30 милиони евра, а има одиграно 153 минути во Серија А.

„Разговарав со раководството на Интер. Ако не игра ќе биде пратен на позајмица“, изјави Риберио.

Сасуоло и Аталанта се споменуваат како следни дестинации на бразилецот.