„Јувентус е екипа со неверојатна работна култура“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Генералниот директор на Јувентус Бепе Марота е воодушевен од начинот на кој неговиот клуб се спротивстави на Барселона во четвртфиналето на ЛШ.

Старата дама од Торини, колку да звучи чудно, рутински ја исфрли Барселона од Лигата на шампионите и со вкупен резултат 3:0 го увери пласманот во полуфиналето.

„Ова е одличен успех и огромно постигнување. Знаеме дека ова го заслуживме, а знаеме и поради што. Јувентус е екипа со неверојатна работна култура, се квалификувавме во полуфиналето на ЛШ и не мислиме на тоа да застанеме.

Ќе биде готово дури кога ќе испаднеме, а јас се надевам дека воопшто нема да испаднеме“, рече Марота, кој посебно го пофали Алегри:

„Тој го склопи овој состав и го направи таков каков што се прикажа во овие два натпревари. Алегри посветува работа со секој играч и му всадува победнички менталитет. Тоа со Алегри е како брак во кој двете страни се задоволни и нема причина тоа да се прекинува“.

Јувентус за противник во полуфиналето за противник ќе добие меѓу екипите на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид или Монако, а Марота призна дека му е сосема сеедно кој ќе биде противник бидејќи Јувентус е спремен за сите.