„Повредите сигурно не се од лесна природа“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што стојат работите Манчестер Јунајтед скапо ќе го плати пласманот во ½-финале на ЛЕ.

Манчестер во продолженија го победи Андерлехт со 2:1 и избори пласман понатаму, но остана без два играчи, Ибра и Рохо.

Рохо се повреди во 23-та минута и на носилки го напушти теренот додека Ибра во финишот го повреди коленото.

Тренерот на Јунајтед, Мурињо по натпреварот изјави дека очекува негативни вести за повредите на 2-та фудбалери.

„Повредите на Ибра и Рохо сигурно не се од лесна природа. Сепак, сакаме прво да се направат лекарски прегледи, па потоа да зборуваме за тоа. Не сум оптимист.“