„Штета што не предаде Хонда“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на Мекларен, Штофел Фандорне вели дека е голема штета и му е жал што Хонда и понатаму не може да им даде пристоен мотор.

Тој не успеа ниту да стартува на трката во Бахреин, а Алонсо не стигна до целта, иако и да стигнеше, во никој случај немаше да освои бодови.

„Штета што не можев да ја започнам трката. Откривме проблем. Не е лесно кога мора да го поминете цел пат и да не можете да ја започнете трката.“

„Ќе биде многу тешко до крајот на сезоната, свесни сме за ситуацијата, но тоа го знаевме и пред почетокот. Ќе дадеме се од себе за да се избориме со овие проблеми.“