„Знаев дека ќе има различни реакции“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алонсо беше свесен дека ќе има различни реакции по неговата одлука да учествува на трката „500 милји Индијанаполис“.

Одлуката на возачот на Мекларен доби критики по лошиот настап во Бахреин.

„Тоа е нормална реакција затоа што голем дел од возачите нема да ја прескокнат оваа трка. Исто така, голем број од шефовите не би дозволиле своите возачи да заминат таму и да пропуштат една трка. Но од друга страна, возачите сакаат да возат во Индијанаполис, па затоа е оваа измешана реакција.“

Управата на Мекларен потврди дека Алонсо додека се обидува да испише историја во Индијанаполис, ќе биде заменет од Џенсон Батон.