Сити сака дефанзивец? Мора да плати 50 милиони фунти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити по секоја цена сака да го купи Леонардо Бонучи од Јувентус.

Бонучи е еден од најдобрите дефанзивци во Европа, а со него во одбраната Јувентус не прими погодок од Барселона во четвртфиналето во ЛШ.

Пеп го сака Бонучи, но до италијанецот ќе треба да стигне по потешкиот пат. Британски Телеграф соопшти дека старата дама сака 50 милиони фунти за Бонучи.

Интерес има и од Челси и Манчестер Јунајтед. Јуве ќе се обиде да го задржи Бонучи кој во тандем со Киелини се неверојатни.